Поврзете се со нас

Англија

Артета за загубената борба за пехарот во ПЛ: Се уште боли…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал и во кампањата 2023/2024 не успеа да дојде до пехарот во Премиер лигата иако водеше жестока борба со Манчестер Сити до последниот натпревар.

Клубот од северен Лондон доста време беше на врвот на табелата, имаше предност, но првенството е едноставно маратон во кој и овојпат избраниците на Пеп Гвардиола беа подобри за нијанси и со два бода повеќе од „топчиите“ одново станаа англиски шампиони или поточно четврта година во низа се број еден на островот.

Овој пораз за Арсенал дефинитивно е болен и тоа отворено го призна менаџерот Микел Артета.

-Беше навистина возбудлива сезона, до последните минути од последниот ден, особено кога се боревме за Премиер лигата. Затоа, мислам дека треба да бидеме многу горди на она што го направивме во текот на целата сезона – и во европското натпреварување и во Премиер лигата. Ама и чувството дека сме разочарани и не ја имаме Премиер лигата во наши раце, сепак е болно.

-Јас сум победник и ми треба време кога нема да ги достигнам соништата. Мислам дека изградивме толку многу возбуда и верба околу нашите навивачи, околу нашите играчи и клубот, што навистина сакавме да му го пренесеме тој момент на тимот. Мислам дека го заслужуваат тоа, но мора да му честитаме на Манчестер Сити – на крајот по 38 натпревари имаа два бода повеќе од нас и тие се победници.

-Навистина не жалам за ништо. Гледате моменти во сезоната, но сезоната беше речиси совршена за да го постигнеме бројот на поени што ги постигнавме – и ние и Сити, во оваа натпреварувачка лига. Не можеме да ја споредиме оваа лига со она што се случи пред пет години, тие бројки нема да се случат. Нивото на лигата сега е друга фаза. Повторно, сега, надополнете, обидете се да бидете посилни, размислете каде се маргините и одете повторно следната сезона, -порача Артета за „Си-Ен-Ен“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни