Лига на шампиони
Артета за реваншот на „Бернабеу“: Знаеме што не чека во Мадрид, ќе мора……

Микел Артета му даде еден слободен ден на својот тим по огромната победа над Реал Мадрид, но тој и играчите немаат премногу време за одмор, од едноставна причина што веќе денеска го играат својот натпревар во Премиер лигата.
„Топчиите“ се очекува да бидат сериозно тестирани од Брентфорд кој игра фантастичен фудбал под водство на Томас Франк, па тоа може да биде и одлична увертира за она што следи, односно реванш четвртфиналето со „кралевите“ во Лигата на шампиони.
Арсенал ќе отпатува за Шпанија со предност од 3:0, па и покрај тоа што залихата е прилично добра, во „кралскиот клуб“ сите веруваат во нова магична ноќ и пресврт на „Бернабеу“.
– Изгледав една реприза од натпреварот и видовме што правевме добро. Изгледав само една снимка, а потоа целосно се насочив кон Брентфорд.
– Прво да го минеме Брентфорд, а потоа ќе мислиме на реваншот. Знаеме дека треба да бидеме концентрирани на самите себе. Кога ќе дојде време, ќе го подготвиме натпреварот со Реал. Добро знаеме што ќе не чека таму, ќе мора да се избориме за полуфинале. Мора да направиме исчекор и да бидеме уште подобри од првиот меч, – изјави Артета.
-
Свет21 час
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија19 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија18 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија19 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
Италија21 час
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА16 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА7 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Варди им се извини на фановите: Лестер имаше засрамувачка сезона