Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Артета за проблемот на Арсенал во ЛШ: Некој кој се викаше Меси…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал по подолга пауза ќе биде дел од осминафиналето на Лигата на шампионите или поточно премиерлигашот за првпат по седум години е во нокаут фазата каде за ривал го има составот на Порто.

Првата средба е закажана вечерва во Португалија, а во пресрет на истата менаџерот Микел Артета беше запрашан дали тимот имал ментална блокада во оваа фаза на натпреварувањето кога тој беше дел од истиот, па одговорот на Шпанецот беше многу директен.

-Некој кој се викаше Меси беше пречка и Баерн Минхен. Овој натпревар е тоа што е. Се сведува на детали и ви се потребни вашите играчи на највисо ниво, -истакна Микел кој запрашан за фаворитскиот однос во дуелот со Порто тој порача:

-Тоа е одлично. Го заслуживме правото да бидеме овде. Не сме биле тука седум години и не сме стигнале во наредната фаза 14 години. Тоа е предизвикот. Ние возбудени сме да одат по тоа со целосна верба, -подвлече Артета.

Клубот од Лондон игра во одлична форма во ПЛ и сега останува да се види дали тоа можат да го пренесат и во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни