Поврзете се со нас

Англија

Артета за претстојното премиерлигашко дерби: Ќе уживам со моите деца

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал останува во трката за шампионската титула, а главните ривали Ливерпул и Манчестер Сити во недела имаат меѓусебно соочување чиј резултат ќе влијае и на позицијата на „топчиите“.

Менаџерот Микел Артета вели дека тој и играчите ќе бидат концентрирани на својот дел од работата, а следниот ден ќе ужива во убавиот фудбал кој го очекува од дербито на „Енфилд“.

– Ние не можеме да контролираме што ќе направат другите и мора да се концентрираме на нашиот дел од работата.

– Ќе се обидеме да победиме на нашиот натпревар, а во недела очекувам натпревар кој ќе биде убав за гледање за сите фудбалски фанови.

– Не можам да го контролирам исходот, но ќе уживам гледајќи два од најдобрите светски клубови. Ќе гледам со децата и ќе уживам, – рекол Артета.

Арсенал пред ова коло има бод помалку од Сити и два бода помалку од Ливерпул, a во сабота го пречекува Брентфорд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни