Поврзете се со нас

Англија

Артета за повредената ѕвезда на Арсенал: Нема да давам временска рамка, еднаш тоа го направив…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал вечерва има незгодно гостување кај Вест Хем во рамките на англискиот Лига Куп, меч за кој менаџерот Микел Артета нема да може да смета на неколку играчи.

Еден од нив дефинитивно е бразилскиот напаѓач Габриел Жезус кој се повреди против Севилја, потоа го скокна Шефилд Јунајтед, а Артета не сака да дава прогноза за тоа кога би можел одново да го има на располагање.

-За него искрено нема да дадам временска рамка. Тоа еднаш го направив и беше тотално погрешно. Треба да бидеме претпазливи затоа што треба да го третираме на вистински начин. Тој веќе ги притиска сите и сака да се врати што е можно побрзо, потребен ни е и тоа е одлично, -истакна Шпанецот кој потврди дека Томас Парти ќе биде во „аут“ неколку недели, додека се е отворено со капитенот Мартин Одегард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни