Поврзете се со нас

Англија

Артета за односот со Гвардиола: Една работа е нашата професија…

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Манчестер Сити и Арсенал веќе изградија едно ривалство во последниве години особено кога клубот од Лондон стана конкурентен за титулата во Премиер лигата.

Секој нивен натпревар е посебен, носи многу енергија, емоции и тоа се виде на последното соочување на „Итихад“ кое заврши без победник 2-2. Тоа беше прва сезонска епизода, ќе има најмалку уште една во ПЛ, можни се битки во другите натпреварувања што секако прави да се создаде една приказна, натпревар кој треба да биде неизвесен до самиот крај.

Меѓутоа ривалство си е ривалство, но според менаџерот Микел Артета истото нема да направи проблем во односот со сонародникот Пеп Гвардиола со кого своевремено и беа соработници во Сити.

-Го сакам, го почитувам, му се восхитувам и му се восхитувам на неговиот тим и се што прави. Ова е спорт. Едно е нашата професија, друго е нашиот личен однос. Ако нашиот однос се наруши поради едно реми, победа или поради тоа колку пати нè победиле, не би разговарал повеќе со него.

-Значи тоа не е нашата врска, особено односот што мислам дека го имаме и двајцата.Во спортот никогаш нема да ми се попречи, личен однос, тоа е сигурно. Ако не ти се допаѓаат мислењата, тогаш не треба да бидеш на позицијата на која што сум јас. Тоа е прилично едноставно. Не го сфаќајте тоа лично. Тоа е дел од нашата работа. Работите за кои навистина се грижите, погрижете се да се справите со нив на вистински начин. Тој однос ми е важен, -истакна Артета.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни