Артета за незадоволниот играч на Реал: Нека се врати во форма, а потоа јас ќе одлучам….

arteta-celsi

Во изминативе три дена, шпанските медиуми ја пренесона информацијата дека незадоволниот Дани Себалјос испратил молба до Реал Мадрид да го прекине договорот за позајмица со Арсенал, од едноставна причина што големото засилување на „топчиите“ од летниот преоден рок едноставно не добива никаква минутажа.

Играчот за врска имаше проблеми со повреда и оттогаш никако не успева да се врати во посакуваниот ритам, а во недостиг на шанси од новиот менаџер Микел Артета, фудбалерот кој е во сопственот на Реал побарал од „кралевите“ да биде прекинат заемот и да биде испратен во Шпанија каде неколку клубови го посакуваат во своите редови.

Сепак, Арсенал нема намера да му ја исполни оваа желба и според договорот со Реал заемот е во важност до крајот на сезоната, а тоа значи дека Себалјос ќе мора добро да се испоти и да се докаже на тренинзите за да добие прилика.

– Зборував со него. Кога јас дојдов и го преземав тимот, тој не беше тука, беше во Мадрид каде се рехабилитираше од својата повреда. Го немаше еден месец, а кога се врати, продолжи со процесот на рехабилитација. Искрено, не сум видел многу од него, бидејќи има тренирано едвај десет дена со првиот тим. Ги слушнав гласините за него и немам што да додадам за тоа. Мора да се врати во форма и да се бори за своето место, а потоа јас сум тој кој ќе одлучи дали заслужува шанса, или ќе игра некој друг, – дрско изјави Артета.

Facebook Коментари