Поврзете се со нас

Англија

Артета за најголемиот недостаток на младата ѕвезда на Арсенал: Мора да се подобри…

Објавено

на

Тимот на Арсенал издвојува уште една победа во Лига Европа овојпат над составот на Бодо Глимт кого до доби на негов терен со 1-0.

„Топчиите“ иако настапија со комбиниран тим тоа не им беше пречка да дојдат до посакуваниот резултат и тоа благодарение на погодокот на Букајо Сака во првото полувреме. Мартин Кион и Џо Кол имаа многу комплименти за формата на Сака, но менаџерот Микел Артета смета дека има уште простор за подобрување, односно го издвои најголемиот недостаток во играта, а тоа е дефанзивата.

-Може да биде многу подобар. Имаше моменти во играта каде беше навистина добар, а потоа моменти каде може да се подобри и да бара повеќе од себе, особено во дефанзивата.

-Имаше моменти кога му дозволивме на нивниот лев бек да ја продолжи играта и премногу лесно да го скрши нашиот пресинг. Има многу работи за подобрување, -порача Шпанецот кој сега ќе треба да го спреми составот за соочувањето со Лидс во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни