Англија
Артета за евентуалната промена на амбициите на Арсенал: Само преку мене мртов

Арсенал заостанува единаесет бодови зад лидерот Ливерпул, но Микел Артета вели дека не планира да се откаже од битката за шампионската титула.
Само три екипи успеале да неутрализираат ваква негатива и да стигнат до титулата во историјата на Премиер лигата, а оптимизам кај шпанскиот менаџер носи и фактот што Арсенал има и меѓусебен дуел со „црвените“.
– Откажување од титулата може да се случи само преку мене мртов. Ако мислиме така, веднаш ќе заминам дома.
– Ситуацијата е потешка од пред три дена, но ако сакаш да ја освоиш Премиер лигата, секако мора да направиш нешто специјално. Математички се уште е возможно да ја оствариме целта.
– На последните 15 натпревари, победивме на 10 и имавме 5 ремија, ист ефект како Ливерпул во тој период. Тоа значи дека фативме добар ритам и имавме континуитет, посебно по многуте проблеми со повреди. Последниот викенд требаше да победиме, но потфрливме, а згора на тоа и Ливерпул победи, – рекол Артета.
-
Формула 117 часа
Потоп за Ферари: Леклер и Хамилтон дисквалификувани по трката во Кина
-
Репрезентација16 часа
Голот на Миовски меѓу наjубавите во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации9 часа
Арда го замолкуваше Собослаи, па ја потврди доминацијата на Турција (Видео)
-
Балкан11 часа
Минутата молк на „Маракана“ ги вклучи и трагично настраданите во Кочани, српскиот коментатор се расплака (Видео)
-
Свет12 часа
Маестро Андреа во акција: Пирло со мајсторски гол потсети на своите најдобри времиња (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Познато зошто Јувентус одлучил да го отпушти Мота, како и дефинитивниот избор за привремен наследник
-
Репрезентација15 часа
Француски судија ќе ја дели правдата на мечот Македонија-Велс
-
Свет15 часа
Капело го посочи најдобриот тренер на светот: Прави вино од различно грозје