Поврзете се со нас

Англија

Артета за ѕвездата на Арсенал: Мора да замине на одмор

Објавено

на

foto: x.com/Arsenal

Арсенал го очекува уште еден незгоден меч во англиската Премиер лига, соочување со Астон Вила на кое целта ќе биде една и единствена да се освојат трите бода.

Тоа секако нема да биде лесна мисија затоа што „топчиите“ и понатаму ќе бидат без неколку значајни играчи меѓу кои и Букајо Сака. Крилниот напаѓач уште подолго време нема да биде во комбинација за настап по повредата, па менаџерот Микел Артета го советува да направи промена и ова време да го искористи и замине некаде на одмор.

-Да, тој треба да оди на одмор. Тој е должен да оди. Со својата девојка или со семејството, може да избере. Или сам. треба да побегне неколку дена и да се освежи. Тој сè уште може да направи многу работи со неговата рехабилитација бидејќи ова е совршена фаза. Мислам дека тоа ќе го направи навистина подобар.

-Сака е секој ден во клубот. Има момент, особено кога ќе отсуствуваме неколку дена, што треба да го направи тоа. Тоа е многу важно и за него. Треба да се грижиме за нашите играчи, -истакна Артета.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни