Поврзете се со нас

Англија

Артета за досудениот пенал против Арсенал: Никогаш немам видено нешто слично (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал одново потклекна на едно гостување во Премиер лигата и не успеа да се врати со три бода во Северен Лондон, а епилогот на натреварот против Брајтон донесе најдобри можни вести за Ливерпул.

Лидерот на табелата ќе има можност дополнително да ја зголеми предноста во битката за титулата доколку денеска слави победа во дербито со Манчестер Јунајтед, а олеснителна околност за избраниците на Арне Слот изгледа тоа што во моментов навистина не делува дека постои тим кој може да го следи нивниот ритам.

Арсенал дожиева многу подеми и падови и не фати континуитет во ниту една фаза од досегашниот тек на сезоната, па иако главна причина за тоа се повредните на клучни играчи, во последно време се почесто потфрлуваат и играчите од одбраната.

Брајтон вчера успеа да израмни на 1:1 по еден несекојдневен пенал кој го направи Салиба над Жоао Педро, кога при еден дуел го удри противникот со глава.

– Навистина сме многу разочарани поради одлуката која придонесе да видиме гол на Брајтон. Никогаш не сум видел нешто слично во мојот живот.

– Салиба ја допира и топката со својата глава и се беше навистина бизарно. Мислам дека никогаш не сме виделе нешто вакво, барем јас не сум видел. Ги прашав и моите момци, а и тие велат дека не виделе сличен пенал. Измислија нови елементи за пенал, – се пожали Артета.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни