Поврзете се со нас

Англија

Артета: Втора победа без примен гол, ова е само почеток

Објавено

на

Составот на Арсенал се избори за победа над Барнли од 1-0 во денешниот меч од 5. коло во Премиер лигата.

Трите бода за „топчиите“ ги донесе летното засилување Мартин Одегард кој биеше прецизно од слободен удар во 30 минута. Ова за клубот од Лондон беше втор триумф во низа без примен гол, а тоа дефинитивно го радува менаџерот Микел Артета кој верува дека уште многу добри резултати се пред нив.

-Тешка победа на многу тешко гостување. Секогаш треба да бидете подготвени за борба. Имавме неколку добри периоди во првото полувреме кога доминиравме. Можевме да постигнеме повеќе голови, но јас сум задоволен на крајот.

-Имаме две победи по ред без примен гол. Се надевам дека ова е само почеток. Имаме многу пред нас, -порача Артета.

Арсенал во следното коло го очекува големото градско дерби против Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни