Поврзете се со нас

Англија

Артета се откажал од еден фудбалер, најавено заминување уште во јануари

Објавено

на

Арсенал го реконструираше својот тим со повеќе млади фудбалери, а тоа подразбира дека и во наредните два преодни рока ќе има заминувања од составот предводен од Микел Артета.

Фудбалер кој дефинитивно нема да игра следната сезона, а веројатно ќе замине уште во јануари е Александр Лаказет, на кого му е соопштено дека треба да си бара следен клуб.

Французинот сезонава немал улога на стартер во Премиер лигата, па и самиот е свесен дека нема иднина во тимот предводен од Артета, односно не очекува понуда за продолжување на соработката.

Една опција е Лаказет да се врати во својот поранешен клуб Лион, а друга е да остане во Лондон и да се пресели во екипи како Кристал Палас и Вест Хем, кои наводно покажувале интерес за Французинот.

Во 2017 година, Арсенал му плати 46,5 милиони фунти на Лион и тогаш тоа беше рекорден трансфер за премиерлигашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни