Англија
Артета: Требаше да дадеме седум гола, не можете да…

Арсенал го направи првиот кикс во новата сезона во Премиер лигата, поточно првите бодови ги загуби во пресметката со Фулам на „Емирејтс“.
„Топчиите“ примија гол во раната фаза, меѓутоа се вратија, направија комплетен пресврт преку Сака и Нкетија, но и тоа како и црвениот картон на Баси не беше доволно за Арсенал да ги освои трите бода затоа што Палиња во 87 минута стрелаше за конечни 2-2.
Овој резултат беше разочарување за навивачите, ама и за тренерот Микел Артета кој беше многу искрен и директен.
-Уште на почетокот им подаривме неверојатен гол на гостите. Навистина си го отежнувате животот. Ама тимот реагираше навистина добро. Доминиравме во играта и создадовме безброј шанси и лесно требаше да постигнеме пет, шест, седум гола. И кога сте го направиле најтешкото нешто што е да се вратите напред против тим кој е добро организиран, треба да го одбраните вашиот шеснаесетник од еден корнер. Тоа е единствената шанса што ја имаат и сте казнети.
-Сепак, добивате уште две шанси и не давате гол – тоа е приказната на натпреварот. Направивме многу работи за да удобно да го добиеме натпреварот, ама завршивме само со еден бод. Мораме да покажеме друго ниво на посветеност и желба и „над моето мртво тело“. Со 10 играчи не можете да примите гол, -порача Микел за „Би-Би-Си“.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 24 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 9 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Светпред 13 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Италијапред 15 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки