Поврзете се со нас

Италија

Артета типува каков ефект ќе предизвика Мота во Јувентус: Навистина добро го познавам

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Тиаго Мота се прослави како тренер со успесите кои ги оставри со Болоња оваа сезона, а фантастичната работа која ја заврши во Емилија Ромања придонесе да направи серирозен чекор напред во кариерата.

Мота по краткиот одмор ќе биде претставен како нов тренер на Јувентус и веќе цела спортска јавност на чизмата зборува за оваа операција како да е завршена, па во тој стил се обрати и човекот кој навистина многу добро го познава поранешниот играч за врска.

Микел Артета својата играчка кариера во вториот тим на Барселона ја почна со Мота, а како тренер кој забележа сериозен напредок во Арсенал последниве неколку сезони, Шпанецот има само пофалбни зборови за Тиаго и типуваше каков ефект ќе има неговата работа врз Јувентус.

– Јас и Мота сме иста генерација и го познавам од 1999-та година кога заедно игравме за Барса Б. Од тогаш сме прјатели и бевм соиграчи на теренот. Игравме во средниот ред и секогаш бев импресиониран од неговата глава. Тој поседуваше бразилска техника, а исто така имаше италијанска сила.

– Можам да кажам само добри работи за она што го чека како тренер на Јувентус. Тој направи вистински чекор со преземање на топ клуб како Јувентус по фантастичната авантура во Болоња. Кој можеше да предвиди дека Болоња ќе се пласира во Лига на шампиони, но тој го направи тоа. Тиаго секогаш имал неверојатен карактер, а тоа го потврди со изборот на Јувентус. Со него на клупата, Јувентус веќе нема да биде во втор план на табелата како што беше случај во последните три сезони, – прогнозира Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни