Англија
Артета соопшти лоши вести за повредата на Сака: Ова е уште еден тежок удар за нас
Микел Артета немаше воопшто добри импресии за повредата која ја заработи Букајо Сака, а информациите се уште полоши по одминати два дена.
Крилото на Арсенал се повреди против Кристал Палас и со патерици го напушти „Селхрст парк“, па иако тоа беше добра најава дека повредата е сериозна, сега и самиот Артета се помири со реалноста.
Менаџерот на Арсенал не можеше да открие кога точно ќе се врати крилниот напаѓач, но проценките на медиумите се дека ќе паузира најмалку два месеци.
– Повредата на Сака не изгледа воопшто добро, ќе биде во аут многу седмици. Не можам да бидам поспецифичен и да давам поточни информации, не сум доктор и не можам да давам детали.
– Ми кажаа дека ќе го нема многу седмици и тоа е огромен удар за нас. Тој е клучен фудбалер од неверојатно значење за нас. Сите знаете какво влијание има врз тимот, но од друга страна, ова е уште еден голем предизвик за сите останати во Арсенал. Имавме многу предизвици оваа сезона, моравме да играме без капитенот Одегард, а сега ќе играме и без Сака, – изјави Артета за Сака кој заработи повреда на задната ложа.
-
Светски првенства10 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија21 час
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства24 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија17 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија22 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Свет19 часа
Уште еден Македонец може да заврши на островот: Атанасов интересен за клуб од Шкотска
-
Англија22 часа
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Шпанија6 часа
Ендрик и Валверде воодушевија со два „проектили“, Реал потешко од очекувањата до четвртфиналето во Купот (Видео)