Поврзете се со нас

Англија

Артета со заклучок: Многу е едноставно, ако овој резултат…

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Арсенал имаше можност со победа над Астон Вила да се врати на првото место во Премиер лигата, но се случи сосема спротивното и „топчиите“ претрпеа неочекуван пораз од 2-0, пораз кој на крајот може и да се покаже како клучен во трката за пехарот во најсилната англиска фудбалска конкуренција.

„Топчиите“ сега имаат два бода помалку во однос на лидерот Манчестер Сити на шест кола до крајот, поточно сега ништо не е во нивни раце.

-Ова е реалноста во моментов. Така беше и претходните неколку месеци. Во која било друга лига во светот, ако победите онолку натпревари како ние, би имале шест или осум бода предност. Тоа овде не е така. Знаевме дека овој момент може да дојде и сега треба да покажеме реакција. Ако ја сакате титулата и се најдете во оваа ситуација, мора да станете.

-Ако не успеете, тоа значи дека го немате потребниот квалитет. Ова е голем тест за нас. Ако еден резултат не потресе тогаш не сме доволно силни. Многу е едноставно, -рече Шпанецот кој смета дека имале доволно шанса за да дојдат до победа.

-Првото полувреме беше едно од најдобрите што ги одигравме против врвен тим оваа сезона. Требаше да дадеме три, четири или пет гола, а ние ниту еден. Се мачевме да ја испратиме топката во одредени делови од теренот и бевме многу невешти со топката. Неколку корнери за нив, потоа примивме гол на многу лош начин, па згора на тоа бркавме негатива, па примивме уште еден. Ова беше болен пораз. Мислам дека требаше да дадеме три, четири или пет гола во првото полувреме, ќе беше сосема поинаков меч… Тоа не беше така и мораме да го прифатиме, да го пофалиме противникот, не победија и ние ќе мора да продолжи понатаму. Мора да покажеме реакција, -заклучи Микел.

Следно за Арсенал е реваншот со Баерн Минхен во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни