Поврзете се со нас

Англија

Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед

Објавено

на

blank

Шпанскиот стратег на Арсенал, Микел Артета планира да му направи проблеми на неговиот колега од Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер со тоа што од пред нос ќе му го украде засилувањето кое „ѓаволите“ го следат извесен период.

Имено, како што пренесува „Ивнинг Стандард“, Арсенал е сериозно заинтересиран за ангажман на Ибрахима Конате од Ред Бул Лајпциг.

21 годишниот фудбалер од одбраната веќе долг период се следен од Манчестер Јунајтед кој ќе се обиде да го ангажира во летниот преоден рок.

Конате ќе чини околу 40 милиони евра, а од Арсенал ќе имаат пари за трошење откако се ослободија од огромната плата на Месут Озил, а дополнително ќе заработат финансиски средства со продажбата на Александре Лаказет кој ќе си оди следното лето.

Освен Коната, Микел Артета ќе го засили тимот со уште најмалку пет фудбалери кои ќе треба да донесат дополнителен квалитет меѓу „топчиите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни