Поврзете се со нас

Англија

Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…

Објавено

на

foto: x.com/Arsenal

Арсенал претрпе пораз од Манчестер Јунајтед во ФА Купот и тоа во средба во која 60 минути вкучувајќи ги тука и продолженијата имаше човек повеќе на теренот.

„Топчиите“ не ја искористија таа предност, па по изведувањето на удари од 11 метри доживеаа елиминација во третата рунда. Меѓутоа овој неуспех не е единствената лоша вест за Арсенал, односно тука е повредата на офанзивецот Габриел Жезус кој мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме.

Сака и Нванери веќе се во „аут“ и ова е нов проблем за менаџерот Микел Артета кој посочи дека повредата не е наивна.

-Голема грижа, тоа е моето чувство. Мораше да се симне од носилката со многу болки, го допираше коленото. Не изгледа добро, -истакна Шпаенцот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни