Поврзете се со нас

Англија

Артета со луда идеја ги подготвувал играчите на Арсенал за пеколното гостување на „Енфилд Роуд“ (Видео)

Објавено

на

„Амазон прајм“ веќе го емитува документарецот посветен на последната натпреварувачка сезона која ја одигра Арсенал, а во која се откриваат интересни анегдоти поврзани за тешките моменти, но се доловуваат и досега непознати моменти од соблекувалната и тренинг центарот.

Арсенал како клуб му даде ексклузивно право на „Амазон прајм“ да снима специфични моменти и покрај тежината на ситуациите, па во еден од промо материјалите за издвојување е подготовката која ја имале „топчиите“ за „Енфилд Роуд“.

Самиот Микел Артета својата идеја ја нарекува „луда“, бидејќи решава своите фудбалери да ги подготви за атмосферата на „Енфилд Роуд“ со поставени звучници на теренот.

Познатата песна „You’ll Never Walk Alone“ се пее со огромна страст пред секој домашен натпревар на Ливерпул, па често тоа знае да предизвика и одредена доза на страв кај противникот.

За да не дојде до тоа, Артета ги подготвувал своите фудбалери за таквото сценарио уште на тренингот, а засега останува непознато за кој натпревар на „Енфилд“ станува збор.

Арсенал одигра два минатата сезона, еден во Премиер лигата и еден во Купот, првиот заврши 4:0, а вториот со резултат 0:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни