Поврзете се со нас

Англија

Артета со ист проблем како Венгер, навивачите на Арсенал имаа интересни коментари (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал го потврди статусот на фаворит и ги освои трите бода на вчерашното соочување со Манчестер Јунајтед во Премиер лигата и тоа со два гола постигнати во второто полувреме по два корнери во кои најдобро се снајдоа дефанзивците Тимбер и Салиба.

Сега „топчиите“ дојдоа на „само“ минус седум во однос на лидерот Ливерпул што секако е подобра позиција од онаа пред актуелното коло.

Менаџерот Микел Артета имаше за што да биде среќен и задоволен, ама по мечот се соочи со една ситуација со која стана вирален на социјалните мрежи. Шпанецот потсети на неговиот некогашен тренер Арсен Венгер и се мачеше да го закопча патентот на капутот.

Ова беше искористено од навивачите на Арсенал кои испратија интересни коментари.

-Хаха, потребно ни е видео каде се еден до друг. Ова е брилијатно-

-Ученик на Венгер-

-Наследството на Арсенал-

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни