Англија
Артета си најде бизарно оправдување за поразот: Топката не беше иста……
Микел Артета се наоѓа пред сериозен крстопат во својата кариера како менаџер на Арсенал, бидејќи во најскоро можно време треба да донесе одлука дали ќе купува во месец јануари за да го засили тимот, или ќе се потпре на играчите со кои располага, а кои во моментов не изгледаат најсвежо.
Доказ за тоа е и вчерашниот пораз на домашен терен во полуфиналето во Карабао Купот, натпревар по кој Њукасл сега е во пол-позиција за пласман во финалето на „Вембли“.
„Страчките“ постигнаа два гола на „Емирејтс“ и си создадоа одлична предност пред реваншот кој е на програмата наредниот месец, но додека Еди Хау даваше коментари за важнио триумф, Артета на англиските новинари им испорачал и една изјава која му послужила како своевидно оправдување.
Шпанскиот стручњак порачал дека квалитетот на топката во Карабао Купот е една од причините за големиот број нереализирани шанси на Арсенал, а ако се погледне статистиката, „топчиите“ имаа дури 23 шута, од кои само 3 завршија во рамките на голот на Њукасл.
– Мислам дека премногу наши удари завршија над голот и тоа изгледаше доста чудно. Оваа топка лета многу повеќе и има детали на кои мора да работиме. Пропуштените шанси не можат да се вратат, мора да се насочиме на следниот меч и да продолжиме да работиме како тим.
– Оваа топка е многу поразлична од онаа на што сме навикнати. Многу е поразлична од топката во Премиер лигата и мора да се адаптираме на тоа. Оваа топка лета поразлично, кога ќе ја шутнете добива поинаква траекторија и мора да се адаптираме на тоа, – изјави Артета.
Mikel Arteta was not happy with the Carabao Cup match ball in Arsenal's 2-0 loss to Newcastle 😭 pic.twitter.com/TownWD51Ty
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) January 8, 2025
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП15 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)