Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Артета шокиран од судискиот критериум во Милано: Две одлуки го променија мечот (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал доминираше против Интер во најголем дел од натпреварот на „Џузепе Меаца“, но главната разлика на оваа средба ја направи пеналот кој беше досуден за домаќините пред крајот на првиот дел.

Играњето со рака на Мерино беше окарактеризирано како доволно неспретно за да се покаже на белата точка, меѓутоа гостите од Северен Лондон беа посебно лути за критериумот на судиите, особено поради фактот што претходно не беше досуден пенал за нив по невнимателна реакција на Јан Зомер.

Голманот на Интер го погреши летот на топката и боксуваше во Мерино, па иако евидентно го удри играчот за врска на Арсенал, луѓето во ВАР собата не ја прегледаа ситуацијата која остана незабележана од Иштван Ковач.

На крајот, Арсенал имаше залудна иницијатива и не успеа да постигне еден гол во мрежата на Зомер, па затоа поразот во Милано беше двојно потежок за прифаќање.

– Најлоша вест од цела вечер е резултатот. Доминацијата, пристапот и перформансите кои ги покажавме против Интер се извонредни. Ваков настап на терен на Интер никогаш не сум видел. Ова беше еден од најдобрите натпревари кои ги одиграл мојот тим, а на крајот загубивме.

– Имавме многу ситуации кои требаше да ги решиме подобро и при кои требаше да постигнеме најмалку два гола. Екстремно сум фрустриран и поради тоа што имаше две одлуки кои го одбележаа мечот. Навистина не го сфаќам критериумот. Ако имаше пенал за раката на Мерино, мораше да има пенал и кога тој доби удар во глава. Ударот беше евидентен, тоа се мали маргини на еден фудбалски натпревар кој прават огромна разлика. Поради тоа, уште потешко ми е да го прифатам овој резултат, – изјави Артета.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни