Поврзете се со нас

Англија

Артета се закани: Ќе дознаам кој го стори тоа и ќе има послeдици

Објавено

на

blank

Арсенал е сосема солиден под водство на Микел Артета, но во клубот се случуваат и некои несакани работи поврзани со фудбалерите.

Неодамна излезе видео од физички контакт меѓу Дани Себалјос и Еди Енкетија, а сега јавноста во Англија зборува за физичка пресметка на тренингот повторно меѓу Себалјос и овојпат Давид Луиз од другата страна.

Артета беше видно лут затоа што ваквите информации излегле од базата на Арсенал и се закани до човекот кој ја открил оваа информација дека ќе има последици за него кога ќе се дознае кој бил.

– Не ми се допаѓа што се дозна за инцидентот. Јас ќе дознаам од каде излезе иако ова е случај кој не го очекувам од нас самите. Ни требаат приватност и доверба и затоа за сето ова некој ќе сноси последици, -изјави лутиот Артета.

Инаку, пред осум дена кога повеќето играчи на Арсенал беа на репрезентативни обврски, лично Артета морал да ги дели Давид Луиз и Дани Себалјос кои влегле во клинч поради еден остар старт на бразилскиот фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни