Поврзете се со нас

Англија

Артета се огласи откако шпанските медиуми го преселија во Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Каталонскиот весник „Спорт“ вчеравечер излезе со ексклузива која предизвика потрес и на Островот, од едноставна причина што во веста се повика на блиски извори за новодно заминување на Микел Артета.

Познатиот каталонски медиум напиша дека Аретата ќе го следи чекорот на Јирген Клоп и Чави Ернандес за да остане слободен агент во текот на летниот преоден рок, се со крајна цел да заврши во Барселона која ќе треба да бара нов тренер по крајот на сезоната.

Оваа информација брзо беше пренесена и од други шпански медиуми и со тоа се направи паника меѓу фановите на Арсенал, кои откако беа смирени од угледните британски медиуми, сега добија порака и од својот менаџер.

– Тоа што беше напишано не е вистина. Тоа е апсолутно лажна вест. Навистина не знам од каде им е таа информација која ја споделија. Навистина сум лут и вознемирен за тоа.

– Не можев да верувам што измислуваат, навистина не знам од каде им дошла таква вест. Треба да бидеме многу внимателни кога пишуваме за туѓи лични работи. Јас сум на вистинското место и посветен сум само на Арсенал, – порача Артета.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни