Поврзете се со нас

Англија

Артета се дообјасни и му одговори на Гвардиола: Никогаш не сум видел човечко суштество како него

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Англиските медиуми дополнително ја зголемуваат тензијата на реалција Манчестер Сити-Арсенал по последното големо дерби на „Итихад“, но се обидуваат да ја зоврат атмосферата и меѓу двајцата менаџери кои инаку важат за добри пријатели.

Со поставените прашања на прес-конференциите и дадените одговори, се доби впечаток дека Артета дава иронична порака за 115-те прекршоци за кои му се суди на Манчестер Сити, а неговата констатација беше коментирана и од Пеп Гвардиола.

Употребените зборови „добро знам што се случува во клубот“ го испровоцираа Гвардиола и Пеп побара од Микел во иднина да се изјаснува многу попрецизно пред новинарите, а такво нешто се случи по победата која ја оствари Арсенал над Лестер.

За да отфрли било каков конфликт со својот поранешен учител, Артета реши да се дообјасни пред новинарите, на кои им порача дека во иднина треба да престанат да работат напорно во обидот да го нарушат нивниот добар однос.

– Кога велам „ги познавам добро“, мислев на тоа како работат во клубот. Никогаш во животот не сум видел човечко суштество да работи толку напорно како Пеп, но тоа важи и за другите тренери со него и сите во клубот. Затоа победуваат толку често, тоа не е случајно. Причината поради која се уште се на врвот е тоа што секогаш се гладни. Тоа го научив од нив и не можам да бидам појасен од ова.

– Ако сакате, можам безброј пати да ви го повторам ова, но ако некој сака да го наруши нашиот однос, тоа не е во мои раце. Взаемното чувство е исто, Пеп го знае тоа и го знаат сите други во неговиот штаб. Се уште имам однос со нив, со сите во клубот, – откри Артета.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни