Поврзете се со нас

Англија

Артета распали како никогаш досега: Се чувствувам измамено, ова е вистински срам за фудбалот! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал го претрпе првиот сезонски пораз во Премиер лигата и не успеа да постигне гол на „Ст. Џејмс парк“, но начинот на кој остана без бодови предизвика бура од реакции во англиската спортска јавност.

Њукасл победи со единствениот гол кој беше дело на Гордон во 64-та минута, но истиот беше постигнат во доста сомнителни околности, нешто што направи да видиме бурна изјава од Микел Артета.

Акцијата за голот се проверуваше за три ситуации и имаше елементи за прекршок, офсајд и топка која ги напушти границите на теренот, но судиите во ВАР проценија дека погодокот сепак треба да важи и покрај големите сомнежи.

– Не заслуживме да го загубиме овој меч, беше јасно дека загубивме поради голема грешка. Ова е засрамувачки и вистинска пародија. Ова е вистински срам за фудбалот во Англија.

– Доволно е тешко да се борите со тим како Њукасл, ова не смее да продолжи вака. Вистински срам е да се решава натпревар на ваков начин, веќе почнав да се повторувам, а тоа доволно кажува што се случи. Не ми е јасно како по ѓаволите тој гол беше признат. Се чувсвтувам засрамено и измамено. Ќе се повторам по којзнае кој пат, ова е вистински срам, – изјави Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни