Англија
Артета прослави пет години како менаџер на Арсенал: Заслуживме едно, но реалноста вели нешто друго

Микел Артета овој јануари полни пет години како менаџер на Арсенал, а по повод прославувањето на убавиот јубилеј, направи едно долго интервју за „Мундо Депортиво“.
Во разговорот со каталонскиот весник, Артета се навраќа на трите освоени титули во досегашната етапа како предводник на тимот, но бидејќи не станува збор за ниту еден голем трофеј, самиот Шпанец потенцира дека клуб како Арсенал има далеку поголеми амбиции.
Арсенал под водство на Артета освои една титула во ФА Купот и две во Комјунити шилд, но дефинитивно недостасуваат трофеи како оној во Премиер лигата, или пак Лигата на шампиони.
– Во овој клуб неспорно е да се стремите кон освојување на големи титули. Со стабилноста која ја покажавме во изминатите неколку години, во нормални околности би имале и некоја голема титула во раце, но реалноста вели нешто друго.
– Не успеавме да освоиме голема титула, што значи дека ни недостасува нешто и мораме да направиме уште мал исчекор кон она што сите го сакаме. Целта е да направиме голем завршен скок и да освоиме една од големите титули, – вели Артета.
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Италија15 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија24 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија6 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија23 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција21 час
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
НБА18 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)