Поврзете се со нас

Англија

Артета пред дербито: Сити постави нови стандарди во фудбалот

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Микел Артета се обидува да го врати Арсенал на врвот на англиската фудбалска сцена, а сезонава „топчиите“ се борат за титулата со ривали како Манчестер Сити и Ливерпул.

Во пресрет на неделното соочување со неговиот поранешен клуб Сити, Артета не штедел комплименти за нивото на екипата која со години е предводена од Пеп Гвардиола.

– Ова е многу важен натпревар за двете екипи, победата би значела многу, но сепак има уште многу натпревари до крајот на сезоната.

– Играме против екипа која постави досега невидени фудбалски стандарди, додека ние се обидуваме да ги следиме во тоа темпо.

– Сакаме да бидеме на нивното ниво, изминативе две-три сезони учиме и напредуваме, мора да ја анулираме разликата и да се обидеме да станеме подобри од нив. Сити заслужи да биде гледан како пример за сите останати, а истовремено ги подигна и нашите амбиции и очекувања, – изјавил Артета.

Арсенал има бод повеќе од Сити на десет кола до крајот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни