Поврзете се со нас

Англија

Артета пред ангажман на посакуваното засилување од Ла Лига: Предвидено е да се заврши се во текот на неделата

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал го доведе Рикардо Калафиори како единствено засилување во досегашната фаза на летниоот преоден рок, но какошто стојат работите, „топчиите“ се блиску до комплетирање и на втората голема зделка.

Англискиот вицешампион всушност купи двајца играчи, но бидејќи Давид Раја веќе играше како позајмен фудбалер минатата сезона, во пракса тој не се смета како засилување за Микел Артета, па таквиот статус се очекува да го добие Микел Мерино.

Шпанскиот репрезентативец веќе ја има прифатено понудата од Арсенал и по секоја цена сака да заврши на „Емирејтс“, па сега останува само да се прецизираат последните детали меѓу двата клуба.

Јокин Аперибај како претседател на Реал Сосиедад откри дека веќе одработиле два состаноци со Арсенал, но за оваа недела е закажан и трет на кој очекува да се заврши операцијата.

– Реалноста е дека минатата недела имавме две средби со Арсенал, а за оваа имаме закажано нов состанок. За наредните денови имаме предвидено нова средба и ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Кога ќе ја добиеме понудата која ја сметаме за адекватна, ќе го комплетираме трансферот. Предвидено е да го завршиме тоа во текот на неделава.

– Мерино самиот ни кажа дека сака да ја доработи недовршената работа во Премиер лигата. Уште на стартот знаеме дека ќе ја прифати пнудата од Арсенал. Ова не е изненадување за нас, го планиравме од почетокот на летото, – открива првиот човек на Сосиедад.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни