Поврзете се со нас

Англија

Артета повторно го испофали играчот кој го загуби стартното место: Сега е како друг човек

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал го надигра Баер Леверкузен и го победи со 4:1 на вчерашниот меч кој се одигра на „Емиретјс“, по кој менаџерот Микел Артета повторно говорел за играчот од кој посебно е воодушевен за време на подоготовките.

Шпанскиот стручњак веќе го истакна натпреварувачкиот дух кој го презентирал Габриел Жезус од стартот на летото, па не ја исклучува да се врати во стартната постава, место кое го загуби минатата сезона.

Бразилецот остана во сенка на Каи Хаверц и Арсенал најчесто играше без класичен напаѓач, но по последните изданија на Габриел, оваа ситуација може да се промени.

Жезус беше стартер на речиси сите натпревари кои ги одигра Арсенал во последно време, а вчера го запиша и вториот гол во подготовките.

– Го кажав тоа уште од првиот ден, имав добро чувство за Жезус од првиот ден на тренинзит ова лето. Зборував со него на крајот на минатата сезона и се врати како друг играч.

– Може да се почувствува тоа, неговата енергија е поинаква, но и изгледа поинаку. Се движи поинаку и се гледа дека навистина сака да се покаже. Сега треба да го пронајде континуитетот кој се бара на највисоо ниво. Треба да биде ист против секој противник, против било која формација. Треба да биде ист од ден за ден, без разлика дали игра 70, 30, или 90 минути. Навистина изгледа добро во овој момент, – изјавил Артета.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни