Поврзете се со нас

Англија

Артета по триумфот над Барнли: Ве молам прашајте ме за ВАР

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Микел Артета бил задоволен од победата на Арсенал над Барнли, но и од судењето и одлуките на ВАР собата.

Откако неговиот тим освои три нови бода во битката за премиерлигашката титула, Артета зборувал и за спорните моменти на натпреварот.

– Ве молам прашајте ме за ВАР, бидејќи денеска функционираше одлично.

– Што се однесува до црвениот картон (на Фабио Виеира), ВАР беше во право, судијата беше во право, благодарам на прашањето, – рекол менаџерот на Арсенал, кој изминатиот период беше многу критикуван поради своите ставови за ВАР одлуките на дуелот со Њукасл.

Артета посебно го истакнал Леандро Тросар, кој се жртвуваше за да го отвори резултатот и заработи незгоден удар од дирекот.

– Понекогаш е потребно да го ставите телото таму каде што не треба за да дадете гол и тој го направи тоа. Среќен сум за него и неговиот начин на игра, а го постигна и илјадитиот гол на „Емирејтс“, тоа е убава јубилејна бројка, – рекол Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни