Поврзете се со нас

Англија

Артета отпиша еден фудбалер на подолг рок: Ќе му требаат неколку месеци за да се врати

Објавено

на

foto: x.com/Arsenal

Арсенал и сезонава мора да се соочи со постојани проблеми поврзани со повредите, а менаџерот Микел Артета отворено признал дека неговиот тим останува без еден значаен фудбалер во наредните неколку месеци.

Се работи за дефанзивецот Бен Вајт, кој морал да направи операција на коленото и сега е отпишан на подолг рок, во кој ќе мора да се рехабилитира по сериозниот проблем кој го санирал.

Претходно беше објавено дека Вајт ја искористил паузата за настап на репрезентациите да се оперира, но прогнозите беа поврзани со пократка пауза, за Артета да го потврди спротивното.

– Бен имаше повеќе проблеми, па моравме да донесеме одлука. Неговата состојба за жал не се подобри последните недели, па операцијата беше најдобра солуција.

– Не очекувам да биде надвор од терените половина година, но сигурно паузата ќе трае неколку месеци. Најважно е како ќе реагира неговата нога по оперативниот зафат, – рекол Артета.

Позитивна вест за „топчиите“ е што Рајс, Сака и Калафиори ќе бидат во комбинација за денешниот дуел со Нотингем Форест.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни