Англија
Артета открива: Еден играч не смее да влезе во соблекувалната, се преоблекува на друго место

Микел Артета постојано им дава шанса на играчите од Академијата на Арсенал и во последно време посебно се истакнуваат Луис-Скели и Нванери, фудбалери кои успеаја да се запишат во листата на стрелците на натпреварот против Манчестер Сити.
Иако Луис-Скели се најде во прв план поради провокативната прослава која му ја посвети на Ерлинг Халанд, сега Артета се погрижи доста внимание да привлече и Нванери, и тоа поради едно правило во Англија кое му прави проблем на тинејџер.
Како 17-годишен фудбалер кој настапува за првиот тим, Нванери нема право да влегува во соблекувалната со лица кои се полнолетни, па поради тоа, мора да се преоблекува на друго место пред да дојде да го слушне завршниот говор од менаџерот.
Правилата за заштита на тинејџери во Англија важат и за професионалниот спорт, па Артета открива дека сите во Арсенал максимално се држат до законот.
– Знам дека звучи неверојатно, но Етан Нванери се уште нема дозвола да влезе во нашата соблекувална, што за мене е малку неверојатно. Тој мора да се преоблекува на друго место, а потоа да му се приклучи на тимот. Тоа важи дури и кога ги играме натпреварите. Навистина сме среќни што поседуваме толку талентиран играч, кој воедно е многу зрел, – потенцира Артета.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија18 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА21 час
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП15 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)