Англија
Артета откри каков план има за Сака пред двете пресметки со Реал во ЛШ

Микел Артета доби низа удари во битката за шампионската трка во Премиер лигата, бидејќи на стартот на сезоната остана без капитенот Мартине Одегард, потоа следеше период без Габриел Мартинели, а во продолжение ги загуби и Букајо Сака и Каи Хаверц.
Првите двајца се вратија во полн ритам и му помогнаа на Арсенал да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампиони, а иако познато е дека Хаверц нема да направи кам-бек до крајот на сезоната, најзначајна вест за Артета и фановите на Арсенал е заздравувањето на Сака.
Фантастичниот крилен напаѓач направи операција на мускулот на почетокот на годината, но последните проценки се дека ќе се врати на почетокот на месец април и дека ќе биде достапен за двете пресметки со Реал Мадрид.
– Букајо е во завршна фаза од рехабилитацијата и ќе биде во тренинг центарот на Арсенал за време на двенеделната интернационална пауза. Очекуваме да почне да има поинтензивни тренинзи со топка од тоа што го имаше досега. Тоа значи дека ќе треба да ја додава топката и да ја шутира топката, ќе гледаме да почне да прави се што се бара од него.
– Тој веќе заврши одлична работа изминативе три месеци и вложи голем напор, сега останува да видиме како ќе одговори со покомпетитивни тренинзи. Тој е се поблиску до враќање, прави одличен прогрес и очекуваме доста брзо да го „фрлиме во оган“. Планот е да ја заврши оваа последна етапа од месец март, да видиме како ќе реагира, а потоа да го пуштиме на терен, – изјави Артета.
-
Шпанија12 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Шпанија17 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Англија16 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Европски купови5 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Лига на шампиони17 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Англија9 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Шпанија13 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
НБА16 часа
Минесота направи „брејк“ во Ел-Еј, Детроит не успеа да го изненади Њујорк