Поврзете се со нас

Лига Европа

Артета откри дека веќе побарал замена на Себалјос пред овој да добие црвен картон

Објавено

на

Арсенал се најде во тешка ситуација на гостувањето кај Вилјареал, откако имаше два гола негатива и исклучување за Дани Себалјос, кој во вториот дел заработи втор жолт картон.

Менаџерот Микел Артета вели дека планирал да го извади од игра неговиот сонародник, но не успеал навреме да ја реализира замената.

– На полувремето зборувавме дека треба да биде внимателен. Решив да го заменам, но додека Габи (Мартинели) се подготвуваше да влезе во игра, тој го направи стартот и картонот беше покажан, – открил Артета.

– Не сакавме да загубиме, но по начинот на кој се развиваше натпреварот, веројатно треба да го прифатиме резултатот.

– Лено беше одличен на голот, неговата интервенција по ударот на Морено на 2:0 беше клучна, – изјавил менаџерот на Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни