Англија
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот

Стратегот на Арсенал, Микел Артета истакна дека е задоволен со ангажманот на Жоржињо од редовите на Челси.
Бразилецот со италијански пасош потпиша договор со „топчиите“ во последните моменти од зимскиот преоден рок и беше едно од неколкуте трансфер изненадувања кои се случија во јануари.
Артета истакна дека подолго време сакал да го ангажира Жоржињо, играч кој на клубот ќе му донесел дополнителен квалитет и лидерство.
– Се обидував да го донесам Жоржињо и пред неколку години, тој може да донесе квалитет, искуство и лидерство во нашиот тим. Навистина ми се допаѓа, -изјави Микел Артета.
За Жоржињо да пристигне на „Емирејтс“ мораше да се ослободи место во средината на теренот, па Самби Локонга беше пратен на позајмица во Кристал Палас, а за него Артета истакна дека има иднина во Арсенал.
– На Самби Локонга му беа потребни минути за напредок, Палас е перфектен клуб за него, а Патрик Виера перфектен тренер за тој дополнително да напредува, -заклучи Артета.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 23 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……