Поврзете се со нас

Англија

Артета објави лоши вести за капитенот Одегард: Има оштетување на лигаментите на зглобот…

Објавено

на

Премиерлигашот Арсенал утре ја започнува приказната во Лигата на шампионите за оваа сезона и тоа со предизвик во Бергамо против Аталанта.

Во пресрет на овој дуел менаџерот Микел Артета соопшти позитивни, но и лоши вести кога се во прашање дел од играчите. Имено Букајо Сака и летното засилување Рикардо Калафиори се фит и се достапни, меѓутоа капитенот Мартин Одегард ќе го нема на терените некое време.

Норвежанецот се повреди при настапот за својата репрезентација и „топчиите“ се надеваа дека не е нешто посериозно и дека офанзивецот брзо ќе биде во комбинација, меѓутоа Мартин ќе мора да отсуствува во наредниов период.

-Снимките покажаа дека тој има одредено оштетување особено на еден од лигаментите на зглобот. Тоа е нешто доста значајно, па ќе го изгубиме на некое време. Се надевам нема да бидат месеци, ама ќе видиме, -истакна Артета.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни