Поврзете се со нас

Англија

Артета нема дилеми: Навистина сум среќен што имав прилика да го гледам најдобриот играч на сите времиња

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Микел Артета доживеа големо разочарување во пресметката со Унаи Емери и направи голем чекор назад во битката за титулата во Премиер лигата, но напоредно со изјавите кои ги даде за лошиот резултат на „Емирејтс“, менаџерот на Арсенал одработи и едно интервју во кое говореше за неактуелни теми во Англија.

Шпанскиот стручњак не планира да се предаде и најави дека неговиот тим ќе се обиде да направи пресврт во последните шест кола, а истовремено доста популарна стана една негова изјава за вечната дебата која се провлекува во јавноста.

Артета уште во минатото има нагласено дека повеќе го симпатизира Лео Меси од Кристијано Роналдо, со тоа што сега нагласи дека Аргентинецот е убедливо најдобриот во историјата на фудбалот.

– За мене Меси отсекогаш бил играчот кој најмногу сум сакал да го гледам. Не можам да го демантирам тоа, за мене и моите три сина, Меси секогаш бил на прво место.

– Навистина сме среќни што толку многу години имавме прилика да го гледаме најдобриот фудбалер на сите времиња, – вели Артета во интервјуто за „Скај“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни