Поврзете се со нас

Англија

Артета: Не смееме да играме натпревари со 10 играчи

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал во саботата го доживеа првиот пораз сезонава во Премиер лигата, а менаџерот Микел Артета јавно им испрати порака на своите фудбалери по неуспехот на гостински терен.

Шпанскиот стручњак смета „топчиите“ не смеат да си дозволат да се повтори ситуацијата во која имаат фудбалер помалку на теренот, нешто што се случи третпат сезонава.

На дуелот со Борнмут исклучување доби Вилијам Салиба, а Арсенал повторно загуби важни бодови во битката за премиерлигашката титула.

– Играњето со фудбалер помалку секогаш носи одредени последици.

– Не смееме да продолжиме да играме натпревари со 10 играчи, тоа е јасно. Не се важни причините за исклучувањата, на ова ниво мора да го избегнеме тоа по секоја цена, – рекол Артета.

Претходно исклучени беа и Рајс и Тросард, а на тие натпревари Арсенал освои по само еден бод.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни