Поврзете се со нас

Англија

Артета не е како Клоп: Не можам да ветам такво нешто

Објавено

на

foto: https://twitter.com/Arsenal

Микел Артета експресно ги демантираше информациите кои го поврзуваат со заминување од Арсенал и преселба во Барселона, категоризирајќи ги вестите од Шпанија како чиста лага за која нема потреба да се трошат дополнителни зборови.

Шпанскиот стручњак нагласи дека е шокиран од лажната вест која ја споделиле неговите сонародници, па покрај тоа што говореше на оваа тема, се отвори и на прашања кои немаат никаква врска со поблиската иднина за него во Северен Лондон.

Коментирајќи ги ситуациите на Јирген Клоп и Чави Ернандес кои во период од неколку дена најавија заминувања од своите позиции, Артета нагласи дека никогаш не може да даде ветување како она на Германецот, кој пред новинарите се заколна дека никогаш во кариерата нема да тренира друг тим од Премиер лигата.

Клоп се заколна на вечна љубов кон Ливерпул и посочи дека нема да тренира ривал од Англија дури и во ситуација да трпи за глад, но на ова прашање Артета е доста поблаг и вели дека е отворен и за други авантури.

– Денеска не би тренирал друг тим, но во иднина не знам. Јас претставував два големи клуба во оваа земја и не знам што носи иднината. Не можам да ветам такво нешто. Искусив различни работи во животот, се уште сум многу млад и не знам што носи иднината за мене, – изјави Артета кој со оваа изјава јасно стави до знаење дека не отфрла ангажман и во друг клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни