Поврзете се со нас

Англија

Артета направи споредба со Ливерпул и побара засилувања: Кога ќе ја погледнете клупата…

Објавено

на

foto: x.com/Arsenal

Арсенал направи нов кикс во Премиер лигата или поточно загуби два бода во ситуација кога го брка лидерот Ливерпул за врвот на табелата, ситуација која на крајот може да се покаже како пресудна ако „топчиите“ и во актуелнава кампања останат без трофеј.

Пред две рунди не го добија Брајтон, додека пак вчера и покрај водството од 2-0 на крајот мораа да се задоволат само со бод во соочувањето со Астон Вила (2-2).

Клубот од северен Лондон има проблеми со повредени играчи, па така во „аут“ се Сака, Жезус, Нванери, Калафиори, Вајт, Томијасу…играчи кои недостасуваат за да може тренерот Микел Артета соодветно да ротира во овој напорен, густ распоред кога се игра на секои три дена.

Токму Артета направи споредба со Ливерпул и побара засилувања во овој преоден рок.

-Кога ќе ги погледнете настапите, не знам колку екипи играат на ова ниво во лигата, но кога ќе ја погледнете клупата, веројатно велите, мислам дека сме многу кратки. Има моменти, очигледно. Тие (Ливерпул) успеаја да го сторат тоа, ги направија замените и резервистите имаа влијание -успеаја да ја сменат играта. Кај нас беше спротивно, иако по примените два гола бевме сплотени, опасноста беше затоа што знаев каков е тимот и може да тргнеме надолу бидејќи бевме физички исцедени.

-Одеднаш, тимот прондајде друга брзина за повторно да оди и само ја стави Астон Вила во шеснаесетникот и продолжи, повторно, обидувајќи се да го најде голот што не го постигнавме на крајот, -истакна менаџерот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни