Поврзете се со нас

Англија

Артета најави возбудлив новитет во Арсенал: Се сретнав со Венгер, очекувам добри вести!

Објавено

на

Микел Артета се пензионираше како капитен на Арсенал и своите најдобри фудбалски години ги мина во Северен Лондон, каде сега одново е актуелен како менаџер на првиот тим.

Шпанскиот стручњак ужива огромна доверба од раководството и планот е да му се остави голем простор за работа, па во моменти кога сите имаат трпение за еволуцијата на тимот, самиот Артета најави еден возбудлив новитет кој би требало да се реализира во најскоро можно време.

Артета открива дека стапил во контакт со Арсен Венгер и негов план е да го има легендарниот Французин за близок соработник во Арсенал, иако се уште не е дефинирано каква функција би извршувал во клубот.

– Се сретнав со Венгер за време на документарецот „Непобедливи“. Навистина се израдував што се сретнав со него и што можевме да поразговараме заеднп. Нашиот план е да го доведеме поблиску до нас, мислам дека ќе биде одлично за цело опкружување да го гледа меѓу нас.

– Не знам точно која улога би ја имал, но сакаме да го доближиме до тимот, до целата институција, сметаме дека ќе ни биде од огромна помош. На мене и на целиот клуб. Очекуваме добри вести, – изјави Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни