Поврзете се со нас

Англија

Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Контроверзниот крај на неделното дерби меѓу Манчестер Сити и Тотенхем донесе искри на теренот, а незадоволството се префрли и во микс-зоната и во прес центарот, каде Пеп Гвардиола даваше забелешки за одлуката на Сајмон Хупер.

Шпанскиот стручњак беше шокиран од судијата кој непотребно прекина стопроцентна шанса за неговиот тим, па во обид да избегне ситуација со која ќе ризикува суспензија, го прозва и Микел Артета.

Гвардиола не сакаше да одговара на едно од прашањата поврзани за судијата, нагласувајќи дека не планира да дава коментар како оној на Микел Артета кога Арсенал беше ограбен на „Ст. Џејмс парк“.

Артета тогаш распали како никогаш досега по судиите, а сега коментарот на Пеп предизвика и негова реакција на пресот кој го одржа во пресрет на дуелот со Лутон.

Микел му одговори со иста мера на својот поранешен ментор, односно го прескокна прашањето со истите зборови „следно прашање“ и со напомена дека има доволно грижи за случувањата во својот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни