Англија
Артета: Моравме да играме поинаку против Сити

Микел Артета и Арсенал се вратија непоразени од гостувањето кај Манчестер Сити, а веќе утре ги очекува соочување со Лутон.
„Топчиите“ ќе бидат големи фаворити на овој дуел, но менаџерот ќе бара од фудбалерите на Арсенал да бидат максимално концентрирани и да се адаптираат онака како што бара самиот натпревар.
Шпанскиот стручњак вели дека неговите играчи тоа успешно го направиле на „Итихад“.
– Моравме да го промениме стилот на игра. Понекогаш е така бидејќи сакаш да се адаптираш, а понекогаш затоа што мора да се адаптираш.
– Мора да бидеш отпорен во клучните моменти, тогаш не постои его или идеологија, а ние покажавме ментална сила со начинот на кој ја спроведовме стратегијата, – истакнал Артета.
Арсенал сега има два бода помалку од Ливерпул, а новинарите го прашале Артета дали тоа значи дека „топчиите“ мора да ги добијат сите натпревари до крајот на сезоната.
– Не знам дали ќе бида така, но сигурно ќе биде блиску до тоа. Ја гледаме формата и резултатскиот континуитет на ривалите и веројатно дека ќе ни бидат потребни максимален број бодови, – вели менаџерот на Арсенал.
-
НБА22 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија12 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија20 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА23 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Свет24 часа
Поранешен европски шампион заинтересиран за Погба: Ќе бидеме среќни…
-
АТП11 часа
Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи (Видео)