Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Артета: Мора ова да го преболиме…

Објавено

на

Арсенал доживеа уште еден удар за кратко време, пораз од Баерн Минхен кој значеше крај на настапот во Лигата на шампионите за оваа сезона.

„Топчиите“ пред неколку дена го загубија првото место во Премиер лигата и веруваа дека со позитивен резултат во Минхен ќе можат да се вратат на победнички патеки и ја кренат атмосферата, самодовербата, ама се случи сосема спротивното и Кимих со својот гол ги исфрли од елитното натпреварување.

-Се обидовме да играме против екипа која има големо искуство. Во текот на целиот овој двомеч, решавачки беа деталите. Имаше моменти кога бевме подобри, но им дадовме можност двапати да ја затресат нашата мрежа на домашен терен и тоа е голема предност.

-Денес можеше да се види дека просторот за грешка е нула. направивме голема грешка бранејќи го шеснаесетникот и примивме гол. После тоа се обидовме на многу начини, но е тешко. Сега е време да останеме блиски, да бидеме со играчите, бидејќи тие се оние кои не доведоа до оваа точка од патувањето. Нормално е ваквите натпревари да се решаваат по грешка или момент на магија. Не успеавме да победиме на првиот меч, но можевме. Мислам дека тогаш бевме подобри. Денеска имавме моменти на доминација, но ни недостигаше таа искра пред голот за да славиме победа, -истакна менаџерот Микел Артета.

-Клубот седум години нема играно во Лигата на шампионите. Бевме очајни за полуфинале во нашата прва година по враќањето. Гледате и дека на другите клубови им требаат шест или седум години за да стигнат таму. Бевме поблиску, тоа е реалноста. Мора ова да го преболиме, да станеме наутро и да продолжиме со истиот став што го покажавме овде, -додаде Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни