Поврзете се со нас

Англија

Артета лут: Ова не се стандардите кои ги наметнавме

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал оствари уште еден недоволно поволен резутлат и ремито со Челси прави „топчиите“ да имаат девет бода негатива во однос на Ливерпул, разлика која дефинитивно е доста голема со оглед на тоа што се одиграни само 11 кола.

„Топчиите“ вчера не успеаја да победат во дербито со Челси и мораа да се задоволат со реми (1:1), но во ситуација кога Арсенал сака да се бори за титулата, тоа е недоволно добро со оглед на темпото кое го наметна Ливерпул.

Свесен за тоа е и Микел Артета, кој по ремито говореше и доста нервозно за непотребното повлекување на неговиот тим, исто како што направи и на дербито со Ливерпул.

– Доминиравме против Челси, бевме подобар тим во многу фази, а кога поведовме, повторно се повлековме и лесно примивме гол. Тоа беше лошо од наша страна, тоа не се стандардите кои ги наметнавме и затоа сметам дека е неприфатливо. Останувам горд на тимот, но дојдовме по три бода, а не го направивме тоа.

– Сите во тимот се разочарани, играта е добра, но во фудбалот те водат резултатите. Имаме јасна визија како треба да растеме како тим, очигледно е дека мора да смениме нешто бидејќи вака ќе влегуваме од проблем во проблем. Мој најголем страв е играчите да бидат здрави во текот на 90 минути, ако се случи тоа, сигурен сум дека ќе имаме добра сезона. Ливерпул отиде на плус девет и сега не можеме да направиме ништо за тоа, се молам само да имаме целосно здрав тим кога ќе се вратиме од репрезентативна пауза. Тоа е она за што се молам, бидејќи претходните осум недели беа кошмарни за нас, – изјави Артета.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни