Поврзете се со нас

Англија

Артета конечно може полесно да дише: Имаме најмлад тим во Премиер лигата, но тоа не е изговор

Објавено

на

Екипата на Арсенал врза неколку позитивни резултати во серија и на последните шест натпревари во Премиер лигата нема ниту еден пораз.

По ужасниот старт на сезоната, „топчиите“ се консолидираа, па со вчерашната победа над Астон Вила од 3:1 стигнаа до првиот дел на табелата со ист број на бодови колку и Манчестер Јунајтед.

Стратегот на Арсенал, Микел Артета истакна дека е задоволен од тоа како сега се одвиваат работите потенцирајќи го залагањето на неговите играчи како клучен фактор за пресвртот во играта и резултатите.

– Прифативме дека не беше доволно добро, дека игравме навистина добро во некои делови од натпреварот, но и под нивото во други делови. Ние сме најмлад тим во лигата, но тоа не треба да ни биде изговор.

– Не можеме да ги промениме годините, па не треба да ги користиме овие изговори. Мора да откриеме зошто тоа од првите натпревари ни се случувало, да ги пронајдеме вистинските решенија за проблемите и да ги искористиме во вистинска насока. Играчите мора да веруваат дека може да играат на повисоко ниво, затоа што нависитна можат, -изјави Микел Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни