Поврзете се со нас

Англија

Артета ќе продава четворица фудбалери за да доведе нови засилувања

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал ќе ја чека следната сезона за нов обид да ја прекине доминацијата на Манчестер Сити и конечно да освои нова титула во Премиер лигата, а менаџерот Микел Артета размислува за нови засилувања и подобрување на својот состав.

Шпанскиот менаџер веќе ставил четворица актуелни играчи на трансфер листата и со нивна продажба ќе инвестира во освежувања за „топчиите“ на најважните позиции.

Арон Рамздејл, Еди Нкетија, Емил Смит-Роу и Рис Нелсон не се во прв план кај Артета и може да си бараат нови клубови ова лето, а Арсенал може да заработи солидна сума од овие трансфери.

Главна цел на Арсенал ќе биде напаѓач и премиерлигашот е подготвен да инвестира поголема сума во играч кој ќе донесе голови во новата сезона.

Последен фудбалер кој е поврзуван со „топчиите“ е Виктор Осимен од Наполи, но за него премиерлигашот ќе треба да издвои сума поголема од 100 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни