Поврзете се со нас

Англија

Артета ќе одлежи суспензија на „шпанското дерби“ поради еуфоричната прослава против Лутон (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал режираше вистинска фудбалска драма во пресметката против Лутон и во откачен финиш успеа да го добие трилерот со 3:4, а ова не го остави рамнодушен ниту менаџерот на „топчиите“.

Новајлијата Лутон се покажа како незгоден ривал за уште еден фаворит во Премиер лигата, но Арсенал имаше среќа што во својот тим го има Деклан Рајс кој успеа да погоди за триумф во 97-та минута.

Најскапото летно засилување донесе нови драгоцени бодови за лидерот на табелата, а еуфоричната прослава која следеше го остави Микел Артета без следното шпанско дерби кое следи во Премиер лигата.

Менаџерот на Арсенал доби јавна опомена поради тоа што влета на теренот по победничкиот гол, па бидејќи тоа е трет жолт картон од стартот на сезоната, нема да може да биде на клупата на мечот со Астон Вила.

– Ова е фудбал и не може да останете мирни во такви коменти. Мојата реакција е чиста фудбалска емоција, ако тоа треба да се плати со жолт картон, тогаш нека биде така, – изјави Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни